Фудбалерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд бил створен за реал Мадрид, тврди неговиот поранешен тренер Станислав Мачек. Мачек со Хамалд работел во Салцбург и добро ги знае квалитетите на 19 годишниот Норвежанец.
„Тој е модерна верзија на Ибрахимовиќ. Мислам дека е многу подобар од Ибра, има подобри движења и е побрз. Има одличен менталитет знае како да се соочи со секаква ситуација. Во Германија сега е еден од најдобрите играчи. Верувам дека доколку продолжи вака да напредува ќе заврши во голем клуб каков што е Реал. Халанд е играч за Реал не се сомневам во тоа“, истакнал актуелниот селектор на У-18 репрезентацијата на Словачка.
Халанд во јануари се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра, има договор до 30 јуни 2024 година.