Top Sport

АО: Маратони во Мелбурн, Халеп преживеа, Чунг го исфрли Зверев (видео)

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп ја „преживеа“ епската битка со Американката Лорен Дејвис за да се пласира во четвртото коло на Австралија опен, враќајќи се од сет негатива и спасувајќи три меч поени во меч кој траеше 3 часа и 45 минути.

Романката на крајот го доби последниот сет од 143 минути за да го комплетира триумфот со 4:6/6:4/15:13 на полната арена „Род Лејвер“.

24-годишната Дејвис, која е 76. на ВТА листата, играше бескомпромисен тенис, со многу неизнудени грешки, но и многу директни победнички топки и направи три брејка, но не успеа да стигне до најголемата победа во кариерата кога Халеп сервираше на 11:10 и не искористи 0:40 предност.

„Бев речиси мртва, но покажав добар тенис. Ова беше многу тежок меч, толку долг… Никогаш не сум била во ваква ситуација. Веќе не ги чувствував мускулите“, вели Халеп, која во четвртото коло ќе игра со Јапонката Наоми Осака, која со 6:4/6:2 ја совлада домашната фаворитка Ешли Барти.

И кај мажите имаше маратонски меч, во кој Кореецот Хјеон Чунг го направи првото големо изненадување, победувајќи го исфрустрираниот Александер Зверев, четвртиот тенисер на светот.

По битка во пет сета, Чунг со 5:7/7:6(3)/2:6/6:3/6:0 го совлада човекот кој е 50 места над него на АТП листата. Кореецот веќе покажа дека е еден од најталентираните млади тенисери на светот со победа на „Некст Џен“ турнирот во Милано на крајот на 2017. Сега, него го очекува потенцијален судир со Новак Ѓоковиќ.

АВСТРАЛИЈА ОПЕН, 3.КОЛО

МАЖИ

(2) Федерер (Шва) – Гаске (Фра)

Чунг (Кор) – (4) А.Зверев (Гер) 5:7/7:6(3)/2:6/6:3/6:0

(5) Тим (Авт) – (26) Манарино (Фра) 6:4/6:2/7:5

(12) Дел Потро (Арг) – (19) Бердих (Чеш)

(14) Ѓоковиќ (Срб) – (21) Рамос-Вињолас (Шпа)

(25) Фоњини (Ита) – Бенето (Фра) 3:6/6:2/6:1/4:6/6:3

Сандгрен (САД) – Мартерер (Гер) 5:7/6:3/7:5/7:6(5)

Фучович (Унг) – Кикер (Арг) 6:3/6:3/6:2

ЖЕНИ

(1) Халеп (Ром) – Дејвис (САД) 4:6/6:4/15:13

(6) Кар.Плишкова (Чеш) – (29) Шафарова (Чеш) 7:6(6)/7:5

(8) Гарсија (Фра) – Саснович (Блр) 6:3/5:7/6:2

(17) Киз (САД) – Богдан (Ром) 6:3/6:4

Осака (Јап) – (18) Барти (Авс) 6:4/6:2

(20) Стрицова (Чеш) – Пера (САД) 6:2/6:2

(21) Кербер (Гер) – Шарапова (Рус)

(26) А.Радвањска (Пол) – Хсиех (Тјв)

Scroll to Top