Еден од наголемите фудбалски клубови на Балканот, Левски од Софија се наоѓа во тешка финансика ситуација и во наредните десет дена би можел да банкротира.
Генералниот директор Павел Колев, спортскиот директор Ивајло Петков и тренерот Петар Хубчев поднеле оставки на функциите кои службено ќе бидат прифатени за осум дена.
Тренерот Хубчев не примил плата од почетокот на годината, а целиот стручен штаб решил да го напушти клубот за да ја олесни финансиската ситуација.
Кога ќе бидат прифатени оставките ќе започне распадот на клубот основан во 1914 година и кој 26 пати бил шампион на Бугарија.
Доколку во наскоро време не биде пронајден инвеститор, извесно е дека клубот ќе престане да постои.