Македонскиот репрезентативен голма Никола Митревски ќе го напушти Еурофарм Пелистер. Митревски се поврзуваше со Вардар, меѓутоа според специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“ голманот кариерата ќе ја продолжи во Порто.
Митревски зад себе има добра сезона и во Еурофарм Пелистер и во националниот тим. Тој има искуство од португалското првенство, во минатото две години бранеше за Бенфика.
Во кариерата Митревски бил голман и на Металург односно Доброгеа.