Top Sport

„Невозможно е да се каже кога ќе продолжи Серија А“

Министерот за спорт во владата на Италија, Виченцо Спадафора, рекол дека е невозможно да се каже кога ќе продолжи сезоната во Серија А. Италијанските клубови ќе можат да тренираат во клупските тренинг центри од 18 мај, а веќе од понеделник владата дозволи индивидуални тренинзи.

„Фудбалскиот сојуз го изложи својот предлог, ние ќе го разгледаме. Се надеваме дека ќе дадеме ‘зелено светло’ и покрај тоа што во фудбалот е невозможно да избегнете контакт“, рекол Спадафора.

„Во некои држави дури и навивачите се спротивставија на идејата сезоната да продолжи. Англичаните ја одложија одлуката. Јас ќе го повторам својот став, се надевам дека сезоната ќе може да продолжи, но невозможно е да се одреди датумот кога тоа ќе се случи“.

Кога италијанската влада ќе го соопшти својот став по предлогот на Фудбалскиот сојуз на Италија, тогаш ќе се одржи состанок на кој треба да се донесе одлука како и кога би можела да продолжи сезоната.

Scroll to Top