Top Sport

Дорна чека дозвола од владата на Шпанија

Регионалната влада на Андалузија, градските власти на Херез и Дорна до владата на Шпанија ќе побараат да им дозволи да одржат две трки во Мото ГП шампионатот и една во Супербајк на патеката „Анхел Нието“ во Херез. Предлогот е трките да се одржат кон крајот на јули и почетокот на август.

Видео-состанокот бил одржан утрово, трите страни договориле на владата на Шпанија да ѝ ги предложат термините 19 и 26 јули за Мото Гп, односно 2 август за Супербајк.

Трите страни се убедени дека ќе добијат дозвола од шпанската влада да го спроведат својот план. Доколку добијат дозвола трките веднаш би биле ставени во календарот.

Во тој случај првата трка во Мото ГП би била Големата награда на Шпанија, а втората Големата награда на Андалузија.

Scroll to Top