По најавата на Мајк Тајсон дека планира да учествува во „неколку добротворни боксерски мечеви“, стана јасно дека „Челичниот“ уште е еден од најпрепознатливите спортисти на светот и покрај тоа што е пензиониран повеќе од 10 години.
По понудата за меч против рагбисти во Австралија за милион долари, Тајсон сега добива понуда од фантастични 20 милиони долари за да се врати во рингот, но без ралавици во Шампионатот за бокс без ракавици (БКФЦ). Претседателот на шампионатот, Дејвид Фелдман инсистира дека понудата е реална.
„Направивме понуда од гарантирани 20 милиони долари за Мајк да боксува во БКФЦ. Отворени сме за различни опции, но нема причина зошто не би организирале мечеви. Видеото кое Мајк го објави повторно ги разгоре страстите и затоа понудивме одлична понуда за него“, изјави Фелдман.
Тајсон во кариерата заработи над 140 милиони долари од настапите во боксерскиот ринг, но неговиот стил на живот начи дека во моментов тој не располага со огромна сума на пари, така што понудата може да биде прималива.
БКФЦ шампионатот се обидува да се пробие на пазарот покрај боксот и ММА борбите, откако во последно време потпишаа договори со неколку ветерани, како ексшампионот во бокс Поли Малињаџи и колегата на Конор Мекгрегор, Артем Лобов.