Top Sport

Шефовите признаваат – може нема да има Ф1 трки во 2020

Претседателот на Формула 1, Чејс Кери призна дека сопствениците на спортот се подготвуваат за можноста во 2020 година да нема ниту една трка. Кери во изјава за „Би-би-си“ вели дека фокусот е како да се покријат губитоците поради отсуството на трки.

„Сепак, ние сме постојано уверени, без гаранции, дека ќе имаме шампионски трки во 2020 година“, вели Кери.

Ова доаѓа по вестите дека Формула 1 во првиот квартал на 2020 година има за 84 отсто помалку приходи од 2019. Во 2020 спортот заработил 39 милиони долари во споредба со 246 милиони долари во истиот период минатата година. Овие цифри покажуваат дека на Ф1 им се итно потребни трки за да се оддржи спортот.

Кери потврди дека целта е да се почне сезоната на австриската патека Ред бул ринг со трка во првата недела од јули, по што би следувала и втора трка една недела подоцна. Шампионатот би имал од 15 до 18 трки, низа на европски трки во август и септември, пред азиските трки во финишот на годината.

„Очекуваме европските трки да се без гледачи, а за понатаму ќе видиме, иако се надеваме дека на дел од трките ќе може да има гнавивачи“, додава Кери.

Scroll to Top