Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ заедно работат на еден проект.
Иванишевиќ смета дека тенисот би можел да се врати дури на пролет наредната година, поради што со Ѓоковиќ разгледуваат да започнат да организираат регионални мини-турнири.
„За една ваква ситуација никој не беше подготвен. Се надевам дека кога ова ќе помине ќе бидеме попаметни, прашање е само кога оваќе се случи. Моја проценка е дека во нормални услови тенисот ќе продолжи во 2021 година. Слушнав дека се размислува Австралија опен да биде одложен од јануари во март минатата година“, рекол Иванишевиќ.
Тој рекол дека со Ѓоковиќ размислувале да покренат регионални мини-турнири за да можат тенисерите од Балканот да ја одржуваат формата.
„Размислувавме да организираме серија на мини турнири во Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Работиме на тоа. Можеби ќе се игра во Хрватска, во Србија сигурно ќе играме. Ќе видиме како ќе биде со патувањата, отворањето на границите. Се надевам дека ќе можеме да организираме нешто во јуни или јули“, заклучил поранешниот шампион на Вимблдон.