Top Sport

ГН на Италија ќе се вози во септември

Челниците на Формула 1 потврдиле дека една од најпознатите трки во календарот, Монца, ќе се вози според планираното. Трката за Голамата награда на Италија на програмата е од 4 до 6 септември.

Сезоната во Формула 1 најверојатно ќе почне со трката за Големата награда на Австрија на 5 јуни. Постои опција една недела потоа на патеката „Ред Бул“ во Австрија да се вози уште една трка.

Опција да се возат две трки постои и за патеките Силверстон во Англија и Монца во Италија.

Доколку на четири патеки бидат организирани по две трки тогаш ќе се исполнат минималните услови да биде прогласен светскиот првак. Челниците на Формула 1 размислуваат да го прошират календарот.

„Разговараме со нашите спонзори, па дури и со патеките кои не се во календарот. Потребни ни се сите опции“, рекол извршниот директор на Формула 1 Чејс Кери.

Станува збор за патеката Хокенхајм во Германија, Имола во Италија и Алграве во португалскиот град Портимау.

https://twitter.com/Autodromo_Monza/status/1258431445347061764

Scroll to Top