Top Sport

Амброзини: Се тепаа Ибра и Ониеву, не можев да ги разделам

Поранешниот капитен на Милан Масимо Амборосини се присетил на период кога славниот клуб ја освои последната титула во Серија А. Милан е последниот тим што ја освои титулата пред да започне доминацијата на Јувентус. Во сезоната 2010/2011 покрај Амбозини дел од тој тим беа Златан Ибрахимовиќ, Џенаро Гатузо, Робињо, Џанлука Замброта, Андреа Пирло, Роналдињо, Антонио Касано, Кевин-Принс Боатенг…

Амбросини рекол дека сите тренинзи во тоа време биле жестоки, бидејќи поради големата конкуренција сите сакале место во стартниот тим. Открива дека често имало и тепачки на тренинзите. Раскажал за тепачката помеѓу Ибрахимовиќ и Нигериецот Огучи Ониеву.

„Се обидов да ги разделам, но тоа беше како да се обидувате со прсти да го отворите гепекот на автомобилот. Не можев да сторам ништо. Дури потоа забележав дека таму е и Гатузо“.

Scroll to Top