Top Sport

Севилја не може да си го дозволи трансферот на Ракитиќ

Неизвесна е судбината на Иван Ракитиќ во Барселона. Хрватскиот репрезентативец во медиумските шпекулации се поврзува со неколку клубови (Јувентус, Интер, Атлетико Мадрид, Тотенхем, ПСЖ). Негова желба е доколку мора да замине од барселона е да се врати во Севилја.

Причините на Ракитиќ да се врати не „Санчез Писхуан“ се јасни, неговата сопруга е од Севилја, а во клубот остави длабока трага.

Меѓутоа шпанските медиуми тврдат дека поради финансиската криза Севилја нема пари за да го реализира трансферот. Барселона наводно за него бара околу 20 милиони евра.

Дека Севилја не може да си го дозволи трансферот на Ракитиќ потврдил и спортскиот директор Мончи.

„Апсолутно ништо не се случува помеѓу Ракитиќ и Севилја. Она што се случува в Барселона нема врска со Севилја. Ние сме пријатели, но разговаравме само за семејни работи“, рекол Мончи.

Тој смета дека летово рапидно ќе се сменат работите на фудбалскиот пазар.

„Доколку на клубовите им се намалат приходите, тоа ќе влијае и на трансфер-пазарот. Ќе мораме да се прилагодиме на ситуацијата која ќе настане“.

Ракитиќ за Севилја играше од 2011 до 2014 година, во 2014 година како капитен го подигна трофејот наменет за победникот во Лига Европа.

Scroll to Top