Германецот Ралф Рангник потврдил дека ги започнал преговорите со Милан. Доколку двете страни постигнат договор Рангник ќе го наследи Стефано Пиоли на тренерската позиција.
Ралф Рангник е директор на Ред Бул Лајпциг, тој долго време се посочува како тренер кој може да го врати Милан во врвот на италијанскиот и европскиот првак. Медиумите шпекулираат дека Германецот би можел да добие широки овластувања на „Сан Сиро“, односно да биде задолжен и за трансферите.
„Не можам да го исклучам тренерското место. Милан ме прашаа за можностите, јас сите работи ги префрлив кај мојот менаџер, тој ги води преговорите. Сепак откако започнавме да контактираме во светот се појавија многу поважни прашања. Милан и Серија А мора да размислуваат и на таа тема“, открил Рангник.
Германецот во кариерата бил тренер во Шалке, Хофенхајм и Лајпциг.