Еден од најдобрите тренери во Јужна Америка Марсело Галјардо имал желба да се испроба во Европа и тоа во шпанската Ла Лига. Аргентинскиот тренер рекол дека би сакал да работи во Шпанија но не во Реал или Барселона.
„Сонувам дека работам во Севилја и дека од тронот ги симнувам Реал и Барселона“, рекол Галјардо.
Галјардо со Ривер Плата пред две години ја освои титулата во Копа Либертадорес, а лани во драматичното финале неговиот тим беше поразен од Фламенго. Неколку години бележи исклучителни резултати во Јужна Америка поради што не му е јасно зошто тренерите кои не работат во Европа никогаш не биле наградени од ФИФА.
„Некои работи не ми се јасни. Секоја година номинираат тројца најдобри и тука не може да влезе никој од страна. Како да не се случува ништо надвор од Европа“, заклучил Галјардо.