Серија А во среда ќе одржи итен состанок поради новонастанатата ситуација. Клубовите претходно изразија желба да ја продолжат сезоната, меѓутоа позитивните тестови на неколку играчи во Фиорентина, Милан и Сампдорија од корен ја менуваат ситуацијата.
Една од темите ќе биде и односот со ТВ куќи. Јасно е дека доколку сезоната не продолжи носителите на ТВ правата за Серија А нема да им исплатата на клубовите 233 милиони евра.
Голем број од клубовите зависат од овие пари. Според информациите од Италија тие биле подготвени да одат и на суд. Меѓутоа тешко дека ќе ја добијат правната битка доколку првенството биде прекинато.
На Апенините не исклучуваат дека по состанокот во Серија А ќе се случи француското сценарио. Во Франција сезоната е прекината, ПСЖ е прогласен за шампион, а според табелата беа одредени екипите кои ќе играат во Европа и оние кои ќе ја напуштат Лига 1.