Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи на слаломската трка во Кицбил и ја забележа првата победа оваа сезона. Претходно Кристоферсен освои три трети и три втори места во трките во Светскиот куп.
Норвежанецот Кристоферсен конечно успеа да го победи најдобриот оваа сезона Марсел Хиршер. На домашната патека за Хиршер, Кристоферсен по двете трки имаше вкупно време кое за 97 стотинки беше подобро од она кое го постигна Австриецот.
Подиумот го комплетираше Швајцарецот Даниел Јуле.
Наредната трка во Светскиот куп на програмата е во вторник во Шладминг, а повоторно ќе се вози слалом.