Top Sport

Кваљарела како во најдобрите денови, „петарда“ на Лацио

Ветеранот Фабио Кваљареала и младиот Србин кој е проценет на 170 милиони евра, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги обележаа попладневните натпревар кои се одиграа во рамките на 21.коло во Серија А.

Напаѓачот на Сампдорија, Кваљареала, кој на 31.јануари ќе наполни 35 години, блесна на дуелот со Фиорентина и е најзаслужен за победата 3:1.

Кваљарела постигна хет-трик и стигна до 15 гола сезонава во Серија А. Асистент за трите гола беше Уругваецот Гастон Рамирез.

Почесниот гол за Фиорентина го постигна Санчез на десет минути до крајот на мечот.

Лацио на „Олимпико“ го прегази Киево со 5:1, а повторно римјаните ги предводеше Милинковиќ-Савиќ.

Луис Алберто постигна гол за Лацио во 23.минута, а само две минути подцна израмни Пучарели. Потоа Милинковиќ-Савиќ постигна два гола, а судбината на Киево ја запечатија Бастос и Нани во последните седум минути.

Наполи победнички успеа да го мине тешкото гостување во Бергамо. Наполитанците и по ова коло ќе останат на чело на табелата багодарение на голот кој го постигна Мертенс во 65.минута.

Болоња со 3:0 го победи Беневенто, а со ист резултат Кротоне победи во Верона. Идентично со 1:1 завршија натпррварите Удинезе-СПАЛ и Сасуоло-Торино.

Scroll to Top