Top Sport

Лампард отпишал четворица играчи

Фудбалскиот клуб Челси ќе мора да продава играчи за да ги избегне проблемите со финансискиот ферплеј. Според англиските медиуми менаџерот Френк Лампард се согласил четворица играчи да бида ставени на трансфер листата. Од нивната продажба Челси очекува да заработи 100 милиони евра.

На листата на Лампард се дефанзивците Курт Зума и Емерсон, играчот од средниот ред Рос Баркли и напаѓачот Миши Батшуаи.

Зума и Емерсон е го импресионирале Лапмард, Баркли по повредата не успеа да се врати во вистинската форма, додека Батшуаи најчесто добиваше шанса од клупата за резерви.

Инаку во преодниот рок Челси сигурно ќе го напушти Вилјан, кој ќе стане слободен играч, додека иднината на Педро чии договор исто ака истекува е неизвесна.

Scroll to Top