Top Sport

Реал жестоко ќе го казни Јовиќ

Реал Мадрид ќе го казни Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец се повреди на првиот тренинг по враќањето од Белград. Поради повредата ќе отсуствува три до шест месеци. Ден подоцна е откриено дека тој го излажал како се повредил.

Јовиќ се здобил со фрактура на коската во стапалото. Сезоната за него е завршена. Бидејќи не кажал дека е повреден, а бидејќи претходно не ги почитуваше карантинските мерки во Србија Реал планира парично да го дисциплинира својот напаѓач.

Јовиќ има годишна бруто плата од 10 милиони евра, а наводно Реал ќе му скрати 1,5 милиони, односно ќе му одземе две месечни плати.

Scroll to Top