Специјализираните портали за авто-мото тврдат дека сезоната во Мото ГП ќе се вози во четири држави, со можност календарот да се дополни во ноември. Се шпекулира дека ќе се вози во Шпанија, Чешка, Австрија и Италија, а постои можност во ноември календарот да биде дополнет со трките во Малезија, Јапонија и Катар.
Засега нема нема дефиниран медицински протокол, што е првиот чекор за да се размислува за старт на сезоната. Дорна и покрај тоа има календар кој може во одреден момент да доживее промени.
Порталите шпекулираат дека седум трки ќе се возат во Шпанија (по две во Арагон, Херез и Валенсија и една во Барселона), а по две во Австрија, Италија и Чешка.