Членот на кинеската Суперлига Тјанџин Тјанхаи поради големите финансиски проблеми прогласи банкрот.
„Нашата финансиска ситуација е неодржлива клубот нема можност да продолжи да функционира. Долго време размислувавме и решивме да прогласиме банкрот“, се наведува во соопштението.
Клубот кој до скоро го предводеше Фабио Канаваро, а чии членови во минатото беа Аксел Витсел и Алесандро Пато во финансиски проблеми влезе во јануари 2019 година кога беше уапсен сопственикот Шу Јухуи.
Минатата сезона клубот успеа да избори опстанок во Суперлигата, меѓутоа поради финансиските проблеми Тјанџин автоматски е исфрлен од лигата. Нов член на Суперлигата ќе биде Шенџен.
Тјанџин е основан во 2006 година кога на чело со компанијата Кванџијан беше започнат амбициозен проект во кој беа вложени стотици милиони евра.
Сепак ситуацијата се смени по апсењето на сопственикот и 14 години подоцна клубот престна да постои.