Џастин Гејтџи ги шокираше фановите на ММА откако во неделата го победи фаворизираниот Тони Фергусон на УФЦ 249 настанот.
Гејтџи доминираше во сите пет рунди со Фергусон и буквално го испрати противникот во болница. Тој е привремен шампион во лесна категорија во УФЦ, а наредниот противник треба да му биде Хабиб Нурмагомедов.
Сепак пред Нурмагомедов борба со Американецот сака контроверзниот Конор Мекгрегор.
„Обиди се да „танцуваш“ околу вистинската закана. Ќе те масакрирам, од твоите заби ќе направам ѓердан. Мртов си“, со вакви и слични збориви преку „Твитер“ му се закани Мекгрегор на на Гејџи.
Мекгрегор во јануари се врати во октагонот со победата над Доналд Сероне. Ирецот борбата со Гејтџи ја најави за во јули.