Top Sport

Фетел си заминува од Ферари, Луис Хамилтон ја „дочека“ својата шанса

И покрај тоа што изјави дека „му поминала желбата“ да вози за Ферари, шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон може да заврши во италијанскиот тим, откако Скудерија и Фетел продолжија дека нема да продолжат заедно по 2020.

Распадот на преговорите на Германецот со Ферари беше најавуван неколку месеци, но сега е јасно дека тој нема да продолжи во 2021 година и дека едно од најпосакуваните возачки места во Ф1 останува празно.

Фетел дојде во Ферари во 2015 како четирикратен светски шампион со Ред бул, но ниту тој, ниту тимот не успеаја да стигнат до светски титули последните четири сезони, потфрлајќи во борбата со Хамилтон и Мерцедес.

„Мојата врска со Скудерија Ферари ќе заврши на крајот на 2020. За да се постигнат најдобрите резултати во овој спорт, потребно е сите страни да работат во совршена хармонија. Тимот и јас одлучивме дека веќе нема заедничка желба за останување по крајот на сезоната. Финансиските причини немаат никаква врска во оваа заедничка одлука. Никогаш не сум носел одлуки мотивиран од парите, нема ниту сега. Тоа што се случуваше последните месеци не натера да погледнеме кон вистинските приоритети во животот. Потребно ми е време да одлучам што е вистина важно во мојата иднија. Скудерија Ферари има посебно место во Ф1 и се надевам дека ќе дојде заслужениот успех“, вели Германецот.

Минатиот декември, Ферари потврдија дека имале преговори со Хамилтон околу потенцијален трансфер во Маранело по крајот на неговиот договор со Мерцедес во 2021 година. Подоцна, Хамилтон изјави дека би сакал да остане во Мерцедес, но со вака привлечно место „слободно“ може да биде предизвикан.

Покрај Хамилтон, пореални и „поефтини“ опции за Ферари се возачот на Рено, Даниел Рикардо и возачот на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор, иронично, возачи на два тима кои наводно веќе му понудиле договор на Фетел.

Scroll to Top