Top Sport

Јуве ги губи нервите со Рабио, тој уште не се враќа во Италија

Јувентус се бесни на својот француски фудбалер од средниот ред, Адриен Рабио, кој покрај тоа што е незадоволен што мора да добие намалена плата, одбивал да се врати во Франција.

Додека сите ѕвезди на клубот, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо се вратија во Торино пред официјалното враќање на тренинг на 18 мај, поранешниот проблематичен фудбалер на Пари Сен-Жермен останал во Франција, наводно, во знак на протест за договорот за намалување на четири месечни плати, кој беше склучен во март.

Рабио, кој претходно беше во постојана „војна“ и додека беше фудбалер на ПСЖ, кои дури го казнија со изземање од тимските тренинзи и забрана за присуствување на натпреварите, сега, наводно сакал да нарпави трансфер во Премиер лигата, во Манчестер јунајтед или Евертон. Тој останува на француската ривиера, помалку од три часа со автомобил од тренинг-центарот Континаса во Торино по консултациите со неговата мајка и агент, Вероник, тврди италијанскиот весник „Ла стампа“.

Scroll to Top