Иако Валенсија го поставија Алберт Селадес како нов тренер на тимот како замена за Марселино, неговиот договор трае до јуни 2021 година и според шпанскиот весник „Марка“ тоа значи дека поранешниот тренер на ПСЖ и Арсенал, Унаи Емери ќе се врати на „Месталја“.
Иднината на шпанскиот клуб е незвесна поради корона вирусот и финансиската криза предизвикана од болеста и не се знае кои фудбалери ќе останат на „Месталја“ и дали ќе се игра европски фудбал следната сезона.
Емери е без работа откако Арсенал го отпуштија на крајот на минатата година по слабите резултати, а има поврзаност со Валенсија преку семејството, а беше и тренер на клубот од 2008 до 2012.
Во осумте години од неговото заминување од клубот, Валенсија смени дури 12 тренери, а Марселино, кој со клубот ја освои титулата од Копа дел реј, остана најдолго – две години. Иако Емери ги подели навивачите на Валенсија, не може да се заборави дека под него, клубот во три од четирите години успеваше да влезе во Лигата на шампионите.