Top Sport

Фановите на Менхенгладбах ги наредија „картонските“ навивачи

Навивачите на Борусија Менхенгладбах ги наредија картонските навивачи на „Борусија-Парк“ за враќање на Бундеслигата овој викенд и покрај тоа што ниту еден од нив нема да биде на трибините.

Повеќе од 12.000 фанови на „ждребињата“ нарачаа картонски копии со нивното лице на трибините за да се подобри атмосферата на стадионот и во исто време да се соберат пари за доброволни цели. Иницијативата овозможи за 19 евра да се постави нивното лице. Фановите потврдија дека се поставени над 4.500 од 12.000 нарачани „навивачи“. Сепак, за да се пополни стадионот до 54.014 седишта потребни се уште нарачки.

Менхенгладбах се на четвртото место во Бундеслигата, со само четири поени зад лидерот Баерн Минхен, и првиот натпревар овој викенд го играат на гости кај Ајнтрахт Франкфурт.

Од клубот исто така потврдија дека ќе има и „гостински“ навивачи, откако тројца фанови на Борусија Дортмунд решија да искористат шансата да бидат на стадионот.

 

 

Scroll to Top