Немања Гордиќ по само една сезона ќе го напушти Партизан и ќе се врати во Будуќност од Подгорица.
Гордиќ дојде во Партизан како големо засилување меѓутоа во текот на сезоната падна во сенка на помладиот Огњен Јарамаз.
Извори блиски до Будуќност тврдат дека тој ќе се врати во клубот.
Доколку се случи тоа тогаш тој трет пат ќе го облече дресот на црногорскиот шампион. Претходно репрезентативецот на БиХ играше во Подгорица од 2005 до 2010 и од 2016 до 2019 година.
Во 2018 година беше МВП на финалната серија кога Будуќност ја освои титулата во АБА лигата.
Во кариерата Гордиќ играл и за Лотоматика, Азомваш, Игокеа и Цедевита.