Top Sport

Барса за Дембеле бара 60.000.000 евра

Барселона ја одредила цената за Усман Дембеле. „Марка“ тврди дека клубот за францускиот репрезентативец ќе прифати 60 милиони евра.

Дембеле е играч на Барселона од 2017 година, но на „Ноу Камп“ од разни причини не успеа да го покаже потенцијалот. Каталонците за него пред три години на Борусија Дортмунд и платија 105 милиони евра за Дембеле.

Покрај неспортскиот начин на живот и честите повреди, Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата плата.

„Марка“ пишува дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на Дембеле.

Усман Дембеле за три години има одифрано само 74 натпревари за Барселона.

Scroll to Top