Одборот за носење на фудбалски правила (Ифаб), во петокот, одобри во продолжение на сезони клубовите да имаат право на пет замени. Одлуката е привремена и веднаш стапи во сила.
Многумина од фудбалската фела не го одобруваат воведувањето на новото правило, сметаат дека на тој начин во повластена положба се ставаат богатите клубови.
„Тоа не е фер. Ако играте 20 кола со дозволени три замени, не можете среде сезоната да ги менувате правилата. Промената им помага на клубовите кои имаат ‘долга клупа’ и каде скапо платени ѕвезди се резерви“, смета чешкиот тренер Зденек Земан.
Слично размислува и легендарниот италијански фудбалер Џузепе Бергоми.
„Мислам дека со воведувањето на ова правило најголем губитник ќе биде Лацио, а најмногу ќе добијат Јувентс и Рома, клубови кои имаат широк ростер“, рекол поранешниот фудбалер на Интер и дополнил дека тренерот на Лацио во досегашниот тек од сезоната ја користел можноста за три измени, но пет измени за него ќе бидат проблем бидејќи нема кого да внесе во игра.