Интер и Рома освоија по еден бод 1:1 (0:1) во дерби мечот одигран во рамките на 21.коло во Серија А. Интер од пораз го спаси Матијас Весино, но тимот на Лучано Спалети веќе шет кола не знае за победа поради што многу веројатно испадна од шампионската трка.
Исклучително тврд меч одиграа на „Џизепе Меаца“ Интер и Рома, во кој „волчицата“ го контролираше мечот до 75.минута.
Голот за Рома го постигна Стефан Ел Шарави, кој ја искористи катастрофалната грешка на Луиџи Сантон и во ситуација „еден на еден“ лесно го совлада Самир Хандановиќ.
По 75.минута Интер успеа да притисне да створи неколку опасни ситуации за постигнување на гол, а резултатото го израмни Уругваецот Весино во 84.минута.