Францускиот тренер Арсен Венгер откри кој е најдоброто зимско засилување во историјата на Арсенал. Венгер 22 години го предводеше Арсенал, од 1996 до 2018 година.
Венге во својата ера на клупата на „тобџиите“ во јануарскиот преден рок реализирал многу трансфери.
Последен голем трансфер што го реализирал Арсенал во зимскиот преоден рок беше доаѓањето на Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот во јануари 2018 година пристигна во клубот.
Според Венгер, иако Обамејанг игра одлично, тој не е најдоброто зимско засилување на клубот.
„Тоа беше Нванко Кану. Стигна среде сезоната. Имаше големо влијание во играта, беше фанатастичен фудбалер“, рекол Венгер.
Кану во јануари 1999 година пристигна во Арсенал, во клубот се задржа пет и пол години. Кану со Арсенал два пати ја освои Премиерлигата.