Top Sport

Вардар во ЛШ, Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел во ЛЕ

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешниот состанок одреди кои екипи ќе играат во Лигата на шампионите и Лига Европа во сезоната 2020/2021.

Бидејќи поради пандемијата РФМ реши да не се доигра оваа сезона, во одредувањето на европските визи репер на Управниот одбор им била завршната табела од претходната сезона, 2018/2019.

Според ова во Лигата на шампионите Македонија ќе ја претставува двојниот шампион во ова натпреварување Вардар.

Еурофарм Пелистер директно ќе оди во фазата по групи во Лига Европа, додека по една квалификациска рунда во ова натпреварување ќе треба да одиграат Металург и Бутел.

Ова е одлуката на РФМ, а дали Македонија ќе има уште еден тим во новиот формат во Лигата на шампионите допрва ќе се знае бидејќи Еурофарм Пелистер најави дека ќе побара специјална покана од ЕХФ.

Резултатите од минатата сезона ќе важат и за Женската лига.

Scroll to Top