Викендов по пауза од два месеци ќе продолжи сезоната во Бундеслигата. Германците ќе играат фудбал според протоколот што го одобри владата. Правилата се строги и важат за сите. На стадионите ќе може да има најмногу 300 луѓе и сите тие мора да бидат директно поврзани со натпреварот што се игра.
Поради строгите правила на германските стадиони пристап нема да му биде дозволен ниту на селекторот на националниот тим Јоаким Лев. „Билд“ пишува дека Фудбалскиот сојуз на Германија барал начин на селекторот да му биде дозволено во живо да гледа некои од натпреварите меѓутоа клубовите негативно одговориле на барањето.
Лев сакал да има увид во формата на репрезентативците по паузата од два месеци. Речиси сите германски репрезентативци играат во домашното првенство, исклучок се третиот голман Бернд Лено (Арсенал), Илкај Гундоган (Манчестер сити) и Тони Крос (Реал).