Top Sport

Хамилтон е најбогатиот британски спортист

Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон е најбогатиот британски спортист. Неговото богатство е проценето на 224 милиони фунти.

Листата на најбогати спортисти во Велика Британија ја состави „Сандеј Тајмс“. Хамилтон е прв, а втор е голферот Рори Мекилрој, чие богатсво е проценето на 170 милиони фунти.

Овие двајца се единствените спортисти на листата на 1.000 најбогати Британци.

Трет на листата е Герет Бејл. Богатството на фудбалерот на Реал Мадрид е проценето на 114 милиони фунти.

Scroll to Top