Марк Клатенбург е еден од најпознатите англиски фудбалски судии. Судел финале на Европско првенство, Лигата на шампионите, ФА купот.
Клатенбург во разговор со колумнистот на „Дејли Мејл“ Крег Хоп открил кои играчи најмногу го нервирале во текот на натпреварите.
Одбрал петмина, а листата ја предводи Крег Белами. Покрај Велшанецот ги издвоил Рој Кин, Јенс Леман, Пепе и Џон Оби Микел.
Во минатото Клатенбург бил обвинет од Оби Микел за расизам. Тој признал дека фудбалерот потоа никогаш не и се извинил за лажните обвинувања.
Меѓутоа според него ниту еден не можел да се спореди со Белами.
„Во тунелот на ‘Етихад’ стадионот ме фати за ма..ња. Тоа беше шега така го разбрав тоа иако меѓу нас имаше жестоки дуели во минатото. Во декември 2009 година го исклучив. Прво поради однесувањето му дадов жолт картон, а што се ми кажа можеше веднаш да добие црвен картон. Потоа поради симулирање му дадов уште еден жолт картон, го исклучив. Меѓутоа подоцна на повторената снимка видов дека не симулирал, дека имало пенал. Тој побудале, не можете да замислете колку беше лут. Белами беше кошмар за судиите. Стално душкаше околу вас, ве допираше, предизвикуваше. Беше непристоен, тешко е да се работи со такви фудбалери“, рекол Клатенбург.