Top Sport

Саинс јуниор ќе вози за Ферари

Карлос Саинс јуниор и официјално стана возач на Ферари. Во италијанскиот тим тој ќе го замени Себастијан Фетел чии договор истекува оваа година. Саинс јуниор со Ферари потпишал двегодишен договор.

„Со задоволство можам да објавам дека Карлос ќе му се приклучи на Ферари во 2021 година. Ви изминатите пет сезони Карлос покажа дека е талентиран и дека има технички можности и вистински карактер, она што е потребно да се биде дел од нашето семејство“, рекол техничкиот директор на Ферари Матија Биното.

Саинс јуниор има 25 години, во Формула 1 се натпреварува од 2015 година. Бил возач на Тороро Росо до 2017 година кога се пресели во Рено, а од 2018 година вози во Мекларен.

Најголем успех му е третото место на трката во Бразил во 2018 година.

Карлос Саинс јуниор е син на легендарниот рели возач кој бил Светски првак во 1990 и 1992 година, а три пати бил победник и на релито Дакар.

Scroll to Top