Левиот бек на Атлетико Мадрид Ренан Лоди доби дозвола да им се приклучи на соиграчите откако неговиот последен тест на ковид-19 бил негативен. Бразилецот минатата недела на тестирањата бил позитивен на коронавирусот.
Атлетико Мадрид во саботата започна со групните тренинзи пред продолжување на сезоната која најверојатно ќе започне наредниот месец.
Покрај Лоди позитивни на коронавирусот, на тестовите направени минатат недела беа уште четворица фудбалери од Ла Лига.
На 11 кола до крајот на сезоната во Ла Лига Атлетико се наоѓа на шестото место со 45 поени.