Најдобриот фудбалер во светот уште еднаш упати покана до својот сонародник Лаутаро Мартинез дека очекува да се пресели во Барселона. Медиумите неколку месеци го поврзуваат Лаутаро со Барселона. Играчот на Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра.
„Искрено не знам дали клубовите преговараат. Лаутаро е импресивен напаѓач. Има многу квалитети, одличен дрибла, постигнува голови, добро ја чува топката“, рекол Меси.
„Во шеснаесетникот секогаш се бори, не се откажува, со еден потег може да го сврти натпреварот. Спектакуларен е, мислам дека ќе стане голем играч“.
Меси соиграчот од репрезентацијата го споредил со Луис Суарез.
„Има многу сличности со Суарез. Двајцата добро се движат имаат сличен пат до завршницата. Суарез има големо искуство сигурно дека би му помогнал побргу да се прилагоди. Би сакал да дојде и Нејмар. Ќе видиме што ќе се случува на трансфер пазарот.“