Бразилскиот репрезентативец Енрике Тешеира (31) е четвртото засилување за Металург во пресрет на новата сезона. Тешеира со клубот од Автокоманда потпиша едногодишен договор.
Бразиелцот во Металург дојде од ЦСМ Букурешт, тој претходно играл за бразилските клубови Маринга и Таубате, односно за шпанските екипи Гранољес и Уеска.
Тешеира за бразилската репрезентација има одиграно 120 натпревари. Беше дел од репрезентацијата на последното СП во 2019 година во Германија и во Данска. На Пан-Американските игри во 2018 година е прогласен за најдобар играч.
Пред Тешеира Металург потпиша договори со Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.