Италијансакта фудбалска федерација (ФИГЦ) и Лега Серија А се согласија на нов медицински протокол, кој веднаш е предаден на италијанската влада во обид да се надминат проблемите со кои се соочија сите клубови.
Пред враќањето на тимските тренинзи во понеделник, клубовите се повлекоа од оригиналниот протокол според кој ќе мораа да одат во карантин две недели доколку еден член на клубот (фудбалер или тренер) биде позитивен на корона вирусот. Лега А и ФИГЦ во текот на денешниот ден се согласија за низа промени.
„Точките од протоколот кои беа тешки за имплементација беа анализирани и направени одредени модификации за да се надминат проблемите. Има заедничка волја за решение и за безбеден рестарт на тренинзите и предлогот веднаш ќе биде поднесен до министерството за здравје и министерството за спорт“, се вели во соопштението.
Клубовите бараат да нема групна изолација ако има позитивен тест, укинување на групниот карантин и отстранување на легалната одговорност на медицинските тимови.
Клубовите од Серија А во „штрајк“ против протоколот на владата на Италија