Антонио Адан е поранешен „човек“ на Реал Мадрид, но тоа не му пречеше на голманот на Реал Бетис да се зачуди на играта на Лионел Меси, кој му го загорчи животот во неделата.
Меси ја инспирираше Барса со фантастична игра со два гола и една асистенција, за Каталонците да си заминат со 5:0 победа на „Естадио Бенито Вилјамарин“, зголемувајќи ја предноста пред Атлетико Мадрид на 11 поени.
Адан вели дека во тимот лажно поверувале дека ја имаат контролата на мечот во првото полувреме.
„Беше спектакуларно. Во првото полувреме како да не постоеше. Како да одеше на теренот. Но, потоа доби четири топки и постигна два гола и имаше две асистенции. Со него, фудбалот е многу подобар спорт“, изјави 30-годишниот Адан за „Кадена сер“.
Погледнете дел од магијата на Аргентинецот.
Look there’s no space, not in the dimension we see anyway but then he’s Messi, he plays in another dimension, so unfair on these lesser mortals… pic.twitter.com/G5qK9oqiTe
— Maria (@LuckyMariakh) January 22, 2018
Look at Messi bullying Tello, nah man it just can’t be this easy… King. ⚽️ pic.twitter.com/iWrzCFzfZJ
— Futbol Of Messi (@FutbolOfMessi) January 22, 2018
Leo Messi show vs Betis in 1 minute. pic.twitter.com/U5slUjAl6b
— Sjr. (@ASakkaaa) January 22, 2018