Top Sport

Ристовски: Не гиневме на теренот

Македонските ракометни фанови доживеаја „студен туш“ во неделата по високиот пораз од Шпанија, правејќи анализи што можеше да биде поинаку.

Нашиот голман, Борко Ристовски, кој беше еден од ретките ракометари кои можеа да добијат преодна оценка за вчерашниот меч, во изјава за „Репортер“ вели дека впечатокот останува ист – момците не гинеле на теренот.

„По преспиената ноќ или со малку сон, впечатоците се исти како вчера, а тоа е дека не се боревме. Не гиневме на теренот и резултатот е таков каков што е. Мораме да го оставиме зад нас затоа што нè чекаат важни натпревари од кои зависи нашиот пласман на ова Европско првенство“, ни рече Борко.

Тој додаде дека ни следните натпревари нема да бидат лесни.

„Против Чешка нè чека пеколно тежок натпревар затоа што и таа си ја бара својата шанса на ова првенство. Мислам дека оваа репрезентација поседува многу квалитет. Меѓутоа, без борба не смееме никогаш да се предаваме“, додаде Борко.

Де Варгас не уништи, Македонија замрзна на -11

Scroll to Top