Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок е последниот ракометар кој потврдува дека си заминува од актуелниот европски шампион, откако на Инстаграм имаше емотивно збогување со „црвено-црните“ и со досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко.
37-годишниот Горбок пристигна во Скопје во 2014 година од Рајн-Некар Левен, но во 2016 година замина во Пик Сегед, пред во 2018 повторно да се врати во Вардар.
„Јас сакам да кажам едно големо благодарам за сѐ што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да знаат многу луѓе и тие станаа мојот живот. И многу благодарение на Сергеј Самсоненко за најдобриот ракометен клуб на светот“, пишува Горбок.