Top Sport

Црвена звезда со тројки го декласира МЗТ

Кошаракарите на МЗТ Скопје Аеродорм убедливо се поразени вечерва од Црвена звезда 58:92 (18:21, 7:19, 17:28,16:24) во 17.коло, во регионалната АБА лига. Црвена звезда се врати на втората позиција на табелата (14/3),, а МЗТ остана закован за дното со само три победи.

Актуелниот шампион во АБА лигата во арената „Јане Сандански“ ја демонстрираше својата моќ не оставајќи му на МЗТ ниту грам надеж дека може да избори пристоен пораз. Гостите мечот во отворија со серија 11:0, а МЗТ конкурентен беше само во финишот на првата четвртина, кога благодарение на Маслинко успеа да му се доближи на противникот на три поени.

Во останатите 30 минути Црвена звезда целосно издоминира во двата правци, а го торпедираше кошот на МЗТ со ударите зад линијата 7,24 метри. „Црвено-белите“ постигнаа 16 тројки од 37 обиди, а само Добриќ постигна седум.

Од средина на третата четвртина гостинскиот тренер Алимпијевиќ им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа, но и покрај тоа разликата постојано се зголемуваше.

Црвена звезда на овој меч играше без повредените Антиќ и Фелдин.

Маслинко беше најдобар кај МЗТ со 15 поени и 5 скока, а двоцифрен број на поени постигна уште само Лалиќ (11). Црвена звезда ја предводеше Добриќ со 23 поени.

Во наредната рунда МЗТ ќе гостува кај Мега Бемакс.

фото/aba-liga.com

Scroll to Top