Менаџерот на Фернандо Алонсо, Флавио Бриаторе, открил дека неговиот клиент е да го направи кам-бекот во Формула 1.
Двојниот светски првак ја напушти Формула 1 по завршувањето на сезоната 2018.
„Мотвиран е. Годината која ја пропушти беше добра за него. Изврши „детоксикација“, забележувам дека е смирен, подготвен е за враќање“, рекол Бријаторе.
Алонсо (38) најголемите успеси ги забележа со Рено, во 2005 и 2006 година беше светски првак.
Шпанецот од 2009 до 2014 возеше во Ферари, а потоа четири години мина во Мекларен.