Паоло Дибала ќе го продолжи договорот со Јувентус, откако двете страни ги договориле условите. За да биде официјализиран договорот потребно е менаџерот на фудбалерот да добие дозвола да допатува во Италија.
Според новиот договор Дибала во Јувентус ќе остане до 30 јуни 2025 година. Аргентинецот ќе добие и поголема плата, плус одредени бонуси на кои инсистирал да бидат вметнати во договорот.
Со актуелниот договор Аргентинецот има годишна плата од 7,3 милиони евра.
Оваа сезона во Серија А Дибала одиграл 24 натпревари, постигнал седум гола и забележал девет асистенции.