Јувентус е институција во светот на фудбалот кога се во прашање трансферите. Челниците на најтрофејниот италијански клуб се волшебници кога треба да донесат фудбалер на кого му истекол договорот или да препознаат играч кој поседува талент да биде меѓу најдобрите.
„Газета дело Спорт“ објави дека спортскиот директор Бепе Марота и генералниот менаџер Фабио Паратичи имале средба со колегата од Џенова Џороџо Перинети, а тема на раговорот бил екстра талентот, 16-годишниот напаѓач Пјетро Пелегрини.
Се шпекулира дека Џенова за „чудото од дете“ бара 30 милиони евра, а според извори на весникот Јувентус се обидува да ја спушти таа сума на 25 милиони евра.
Исто така Пелегрини барем до крајот на сезоната би останал во Џенова, а не се исклучува опцијата и наредната сезона Пелегрини да ја мина во својот матичен клуб.