Трикратниот Формула 1 шампион и не-извршен директор на Мерцедес Ф1, Ники Лауда ја доби јавната аукција на авио-компанијата „Ники“, кој тој ја формираше, убедувајќи ги стечајните управници дека има бизнис-план.
Стечајните управници прво се согласија да ја продадат „Ники“ на сопственикот на „Бритиш Ервејс“, „ИАГ“, но ова пропадна откако судот одлучи дека стечајот мора да се пресели во Австрија од Германија. По ова, Лауда и неговата компанија се бореа со „Рајанер“ и уште неколку авио-компании се обидоа да ја преземат компанијата.
„Секако дека сум задоволен. Нема сомнеж дека вложив многу пот во оваа компанија“, изјави Лауда, кој ја формираше „Ники“ во 2003, но ја продаде на „Ер Берлин“ во 2011 година.
68-годишниот Лауда влезе во авио-бизнисот веднаш по крајот на неговата тркачка кариера во 1990-тите. Авио-бизнисот се наоѓа во лоша состојба откако британскиот „Монарх“, италијанскиот „Алиталија“ и „Ер Берлин“ банкротираа по борбата со ниските цени во Европа. Лауда најави дека ќе ги задржи сите 1.000 вработени во „Ники“ и дека има обезбедно 15 авиони за старт.