Top Sport

Кравите им го уништиле теренот

Фудбалскиот клуб Македонија од село Враништа, струшко, ги предупреди сточарите повеќе да не го носат добитокот да пасе на нивниот стадион. Се заканија дека денес ќе преземат радикални мерки против оние кои ги напасуваат кравите во фудбалскиот терен.

Клубот на „Фејсбук“ објави дека теренот ќе биде испрскан со средство за дезинфекција „кое е штетно за секаков вид на добиток“.

Фудбалскиот клуб Македонија од Враништа се натпреварува во Третата лига Југозапад.

Scroll to Top