Хавиер Маскерано ќе замине од тимот на Барселона по седум и пол сезони на „Ноу камп“, потврди каталонскиот гигант.
Аргентинскиот интернационалец би требало кариерата да ја продолжи во Хебеи Чајна Фортјун, тим од Кинеската супер лига за трансфер од 10 милиони евра. 33-годишниот ветеран ќе добие „официјално испраќање“ од Барса во среда од 11.30 часот натуро во церемонија на која ќе биде присутен и претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу.
Маскерано не доби многу шанси во тимот на Ернесто Валверде ова сезона, со 12 настапи во сите натпреварувања бидејќи пред него во изборот на тренерот се Жерард Пике, Томас Вермален, Самуел Умтити, а сега и новото засилување, Јери Мина.
Маскерано дојде во Барселона од Ливерпул во 2010 година и имаше 334 настапи, освојувајќи 18 титули во Каталонија во еден од најуспешните периоди за Барселона. Тој има четири титули од Лигата на шампионите и два трофеи од Лигата на шампионите.
#ThankYouMasche… for everything! ??@Mascherano ? pic.twitter.com/XsSkKh8gYK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 23, 2018